Годишна конференција на ГБА

Здружението „Зелена Градба Асоцијација“ со гордост ја претставува својата Агенда на настани и манифестации за 2024/2025 година. Овие активности се дел од континуираните напори на здружението за подигнување на свеста за одржливи практики, еколошка одговорност и промоција на зелената градба.

Клучни настани во годишната агенда


05.11.2024 – Годишнина од формирањето на ГБА

Во Куманово ќе се одржи годишното собрание на ГБА, каде ќе се промовира активната програма за 2024/2025 година. На овој настан ќе се доделат благодарници за компаниите и поединците кои придонеле во формирањето на здружението, како и сертификати за самопридонес и активно учество. Настанот ќе заврши со коктел забава.

04.12.2024 – Свечено отворање на локален огранок во Општина Чешиново-Облешево

По повод Светскиот ден на планините (11 декември), ГБА ќе организира работилница под мотото „Рециклирај, редуцирај и подари“ во соработка со О.У. Климент Охридски. Ќе се одржи и иницијативно собрание за формирање на нов локален огранок на здружението.

14-15.12.2024 – Новогодишен базар во Куманово

Настан кој комбинира екологија, хуманост и забава! На базарот ќе се продаваат рециклирани новогодишни украси изработени од ученици, а ќе биде поставен и хуманитарен пункт за обезбедување на храна за социјално загрозени семејства. Посетителите ќе уживаат во детска забавна програма и во промоцијата на домашни производители.

Март 2025 – Кампања „За туристичко Куманово“

ГБА во март ќе организира серија активности во чест на Светскиот ден на енергетската ефикасност, Светскиот ден на реката, Светскиот ден на шумите, Светскиот ден на водата и Светскиот ден на метеорологијата. Ќе се одржи:

Тематска конференција

Волонтерски акции за чистење на речните корита

Едукации за пошумување и зелена пропаганда

Тим-билдинг агенда во село Пчиња

Дводневен семинар за влијанието на метеоролошките промени врз земјоделството

22.04.2025 – Ден на планетата Земја

Под мотото „Back to the nature where we belong“, ќе се организира:

Пикник во природа

Маратон и рекреативен велосипедизам

05.06.2025 – Светски ден на животната средина

Како дел од кампањата „За туристичко Куманово“, ќе се организира пикник на Аџи Тепе, натпревар за рециклиран змеј и еднодневна обука на тема „Рециклирањето може да значи заработка“.

12.08.2025 – Меѓународен ден на младите

Годинава, одбележувањето на овој ден ќе започне со караван на Макевејско лето, вклучувајќи електронска забава во Куманово, спортски активности и главен хепенинг на планина Герман (14-17 август).

27.09.2025 – Светски ден на туризмот

ГБА ќе организира економски форум за грантови и фондови за зелени проекти, како и промоција на села, манастири и културни знаменитости во Североисточниот плански регион. Во соработка со туристички агенции ќе се промовираат непознати туристички дестинации во Македонија.

10-16.10.2025 – Светска благодарност за плодовите на земјата и Светски ден на храната

Ќе се организира саем и семинар посветен на значењето на производството на храна, промоција на локални производители и едукација за одржливо земјоделство.