Работилници под мотото "Рециклирај, редуцирај и подари''

Во периодот од 5 ноември до 15 декември, Здружението „Зелена Градба Асоцијација“ со особена гордост ја спроведе серијата едукативни работилници под мотото „Рециклирај, редуцирај и подари“. Овој проект беше осмислен како дел од нашата континуирана мисија за подигање на еколошката свест кај младата популација и за поттикнување на одговорно однесување кон животната средина уште од најрана возраст.

Работилниците се реализираа во повеќе основни училишта и опфатија ученици од различни возрасти. Преку интерактивен и креативен пристап, децата имаа можност да научат за трите клучни чекори на одржливо живеење: рециклирање, намалување на отпадот и повторна употреба преку дарување. Активностите вклучуваа:

  • изработка на нови производи од стари и отпадни материјали,
  • креативни игри и предавања за климатските промени,
  • раскажување инспиративни приказни за луѓе и заедници кои живеат одржливо,
  • како и конкретни чекори што секое дете може да ги направи во своето семејство и училиште за да придонесе за поздрава планета.

Со поддршка од наставниците, родителите и волонтерите, „Зелена Градба Асоцијација“ успеа да допре до повеќе ученици и да остави траен впечаток за важноста на секојдневните, мали еколошки навики. Веруваме дека токму ваквите активности се основа за изградба на еко-култура и нови генерации кои ќе бидат двигатели на позитивни промени.


Зелената транзиција започнува со нас

Нашата визија е заедно да создадеме одржливи и силни локални и рурални заедници! Токму затоа, освен едукацијата на младите, се фокусираме и на обнова, реконструкција и самопридонес во обновата на заборавените и распаднати рурални средини. Преку подобрување на инфраструктурата, комуналните услови и социо-економскиот живот на овие заедници, целиме да поттикнеме нов бран на миграција од град во село.

Како можете да помогнете?

Секој кој сака да биде дел од оваа иницијатива може да ја поддржи нашата кауза преку донации:

  • 100 денари – Поддршка на кампањата „Рециклирај, редуцирај и подари“ за подигање на свеста кај децата и младите за зачувување на природата.

 

  • 1.000 денари – Придонес за организирање семинари, форуми и настани кои ја промовираат македонската култура и традиција како дел од одржливиот туризам.

 

  • 10.000 денари – Финансиска помош за рехабилитација на рурални заедници и обновување на напуштените села, што ќе помогне во развојот на циркуларната економија.


Работилниците „Рециклирај, редуцирај и подари“ се само почеток на една поголема мисија – изградба на еколошки свесно општество. Продолжуваме со нашиот ангажман во создавањето позелена и поодржлива иднина за сите!

Поддржете ја Зелена Градба Асоцијација – затоа што секоја промена започнува од нас!