Новогодишна магија од отпад! Инклузивна еко-работилница со деца со посебни потреби

На 3-ти декември, успешно ја реализиравме специјалната новогодишна еко-работилница за деца со посебни потреби, која се одржа во соработка со НВО Let's spread love при Центар за поддршка на ученици со посебни образовни потреби при ООУ " Браќа Миладиновци". Работилницата беше исполнета со радост, креативност и празничен дух, каде децата имаа можност да создадат новогодишни украси и подароци од рециклирани материјали.

Овој настан беше одлична можност за децата да учат за важноста на еколошката свесност и повторната употреба на материјалите, додека истовремено се забавуваа и развиваа нови вештини. Со помош на рециклираните материјали, децата создадоа уникатни украси ги понесоа дома, носејќи ја со себе не само магијата на празниците, туку и важни еколошки пораки.

Во соработка со НВО Let's spread love, успеавме да создадеме инклузивна и топла средина во која секое дете се чувствува посебно и значајно. Нашиот тим на волонтери и наставници ги водеше активностите и обезбеди поддршка на секое дете, според неговите потреби и способности.

Работилницата беше не само креативна, туку и важен момент за развој на свеста кај децата за зачувување на животната средина и важноста од одржливи навики. Благодарност до сите што беа дел од оваа прекрасна иницијатива!

Голема благодарност до НВО Let's spread love, наставниците, родителите и децата за нивната посветеност и учество. Заедно, продолжуваме да ја шириме радоста и еколошката свесност! 

Галерија